Mлада и многу лична девојка отишла кај еден мудрец целата облеана во солзи.
– Што да правам? Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, да помагам кај што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе се отворено непријателски настроени кон мене. За ништо не сум виновна, посоветувајте ме што да правам..- го прашала таа.
Мудрецот ја погледнал со насмевка и ѝ рекол:
– Соблечи ја облеката и оди во градот така!
– Ти луд си?!
– Ете гледаш, ли! – мудрецот се насмевнал повторно.
– За да го покажеш голото тело на луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш во светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој кој сака, влегува во твојот живот и ги гледа твоите достоинства како одраз на сопствените пороци. Така тој почнува да се обидува да те навреди, да те наклевети и понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. Погледни ги овие убави цвеќиња! Се грижев за нив многу години и ги наводнував, но никогаш не ги видев нивните пупки, иако уживам во убавината и аромата на секое од нив. Биди како цвет – откривај го своето срце пред луѓето полека и незабележливо. Погледни кој е достоен да ти биде пријател и да правиш добро за него. Девојко, не фрлај ги твоите бисери пред свињите – ѝ порачал мудрецот.