Таа беше една од најпочитуваните пејачки на народна музика во поранешна Југославија. Дама со исклучителен вокал, важеше за голем уметник и интерпретаторка која не ја поврзуваа со никакви скандали. Сепак, бројните животни драми ја чинеа здравје и прерано замина од овој свет.
Вера Ивковиќ почина на 10-ти март 2012 година во Дом за стари лица во Рума. Се разболе шест години порано, откако почина ќерка ѝ Маја на само 27 години. Рано остана и водовица, откако во 2002 година почина нејзиниот сопруг Данило.
Вера имаше неколку мозочни удари, а од 2006 година беше врзана за инвалидска количка.
Живееше далеку од очите на јавноста, заробена во болка и заборавена од многумина. Освен синот Владо, во најтешките моменти со неа беа и колешките Анѓелка Говедаревиќ и Гордана Стојичевиќ со кои и настапуваше.
– Тешко ја поднесе смртта на сестра ми. Тоа ја чинеше здравје. Болеста на Маја која ја доби на само 15 години беше неизлечива, иако моите родители направија сѐ за да ѝ помогнат – раскажа во една прилика синот Владо.
Вера ја започна кариерата во 1966 година снимајќи дуети со сопругот Данило Живковиќ, композитор и аранжер. Подоцна следуваа соло-албумите од кои многу достигнаа златен тираж.
Беше позната по хитовите „Шушка се, шушка“, „Шта че ми шалваре“, „Са није тебе“.. Освои бројни признанија и престижни награди на фестивалите во СФРЈ.