Едно момче се соочило со исклучително бизарна ситуација.
На погребот на својот дедо го ставиле на чело на поворката, а луѓето гласно коментирале дека вакво нешто одамна немале видено.
Имено, момчето е крстено по дедо му, па присутните се шокирале кога сфатиле дека крстот што го носи е всушност со неговото име и презиме.
„Умре дедо ми чие име го носам, татко на татко ми, и семејството одлучи јас да го носам крстот. И така, завршив на чело на поворката со крст на кој се испишани моето име и презиме. Не ми беше сеедно, се наежив“, напиша тој на „Твитер“.
Корисниците на оваа социјална мрежа велат дека не се работи за изолиран случај и дека многу внуци го добиле името на своите дедовци, па веројатно и тие се соочиле со ваква ситуација.
„Не е сеедно кога ќе си го видиш името на крст. Сепак, на истиот најчесто е испишана и годината на раѓање, па тешко дека некој ќе се збуни“, на шега искоментирала една девојка.