Весна Петрушевска пред четири недели објави дека има рак на дојка.
Актерката во видео обраќање на „Инстаграм“ тогаш откри детали за канцерот.
Болеста ѝ ја дијагностицирале во средината на април годинава.
Петрушевска сега повторно се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија.
„Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба….и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание. Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со сѐ, освен со самите себе. Тука сум за да оставам мое наследство, во театар, телевизија, мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи. Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог. Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да се сакате себеси. Еден е животот и не замижувајте”, напиша таа.