Андреј Ацески, 26-годишниот натпреварувач од Скопје, доживеа фијаско во последното издание на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Тој не само што не успеа да го импресионира жирито, туку доби и дури шест паник тастери. Единствено Цеца застана во негова одбрана и порача дека неправедно не поминал во следниот круг од натпреварувањето.
„Мене тој многу ми се допаѓа. Тој ја имаа таа флегматичност во гласот, таа рапава боја. Мислам дека незаслужено испадна, но секој има право на свое мислење“, рече таа.
Драган Стојковиќ – Босанец не можеше да одолее да не одговори на коментарите на Цеца, па ѝ реплицира.
„Ако го спуштиме нивото на судење на нивото што го сака Цеца, тогаш да се исклучиме. Имаш проблем со висината на гласот. Цеца, не се нервирај, ама тоа е вистината“, кажа тој.
„Тоа се твои аргументи. Само сакате да ставите до знаење дека само совршените луѓе прават кариери, тоа не е точно. Колку колеги имаме што не се совршени, па направиле кариера. Публиката потоа одлучува што да слуша, а што не“, не му остана должна Цеца.
Снежана Ѓуришиќ ја смири ситуацијата и му постави прашање на натпреварувачот.
„Дали се занимавате со нешто друго освен со пеење?“, праша таа.
„Само пеам и свирам“, ѝ одговори Андреј.
„Па, што се случи со тебе тогаш?“, праша збунета Снежана.
„Потфрлив“, разочарано одговори тој.