fbpx

Марко го отвори гробот на татка си: Занеме кога виде кој лежи внатре

Петнаесет години Марко Дујмовиќ од Двор на Уна се обидува да открие кој е човекот кој е пронајден во гробот на неговиот татко. Вели дека не сака ништо друго освен правда и дека нема да престане да се обидува да ја дознае вистината.

Што всушност се случило? Од гробот каде што наводно бил погребан неговиот татко, извадено е тело на крупен човек тежок 120-130 килограми, завиткан во шаторско крило, со дебели волнени чорапи на нозете. Неговиот татко, слаб човек од околу педесет килограми, бил закопан во ковчег со кожени чевли, а има дури и фотографии. Марко тврди дека татко му не исчезнал, туку бил донесен на гробиштата и погребан.

„Ова никому не му го посакувам, само сакам правда. Ме направија будала дека не знам каде го закопав татко ми, каде ја погребав мајка ми, дека местата им се заменети. Татко ми не исчезна. Почина во куќата на Јове Заставниковиќ каде што бев јас, донесен е на гробишта и е погребан“, раскажува луто Марко Дујмовиќ.

Целиот случај е откриен за време на погребот на мајката на Марко, која почина во 2008 година. Потоа, додека го копале гробот, наишле на ковчег од 90 сантиметри, а според зборовите на Марко морале да ископаат речиси метар и половина.

Работниците на гробиштата биле збунети, бидејќи наишле на ковчег на место кое се чинело празно.

„Наидуваме на сандук замотан во воено шаторско крило. Дури се посомневавме дека има две тела. До толку беше надувано“, вели Горан, братучед на Марко, додавајќи дека одлучиле да повикаат полиција и да побараат ексхумација.

Кога конечно надлежните се согласиле, првата нивна реакција била дека станува збор за исклучително голем човек, висок скоро два метра и тежок околу 130 килограми.

„Побогу, па главата и коските беа двојно поголеми од татко ми. Бела кошула со многу копчиња, некои како тренерки одоздола, а на нозете плетени чорапи. Татко ми имаше чевли“, останал шокиран Марко.

Бидејќи пронајденото тело не личело на неговиот татко, Марко одбил да ги потпише резултатите од ДНК-анализата, но институциите тврдат дека тоа е неговиот татко. Според изгледот на посмртните останки, облеката и положбата на погребот, Марко не може да го прифати тоа.

Следни Објави

Фијаско среде емисија: Кој е Македонецот кој го скара жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Андреј Ацески, 26-годишниот натпреварувач од Скопје, доживеа фијаско во последното издание на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тој не само што не успеа да го импресионира жирито, туку доби и дури шест паник тастери. Единствено Цеца застана во негова одбрана и порача дека неправедно не поминал во следниот круг од натпреварувањето. […]