Популарната хрватска актерка Долорес Ламбаша во 2013 година загина во страшна сообраќајка. Почина кога беше најпопуларна.
Глумеше во повеќе ТВ-новели, често ја ангажираа и како модел и редовно ја имаше на насловните страници.
Ламбаша со колегата Стојан Матавуљ се враќаше од Белград кога се случи несреќата.
Актерката која вниманието го привлекуваше со нејзиниот атрактивен изглед, животот го загуби на делницата од патот на која загина и легендарниот македонски пејач Тоше Проески.
Медиумите тогаш акцентираа неколку детали кои и денес звучат морничаво. И Долорес и Тоше се родени 1981 година, а и двајцата загинаа во октомври, споредија хрватските медиуми.
Ламбаша беше позната и по нејзините бурни врски, главно со постари мажи.
Јавноста најмногу ја памети нејзината романса со бизнисменот Јосип Радељак која траеше четири години.
Нејзината смрт го потресе целиот регион, а особено трогателна е пораката која мајка ѝ ја испиша на нејзиниот гроб. „Јас сум неуништлив дел од тебе проткаен со конци кои не’ врзуваат, поврзуваат и обврзуваат“, е посветата за неа.