fbpx

Ана наздрави со гостите: По нејзиниот говор, свекрвата веднаш ја напушти свадбата

Ана и Димитар се забавувале уште во средношколските денови. За жал, идната снаа не била по мерка на неговата мајка. Таа правела сѐ што било во нејзина моќ да ги раздели, но Димитар бил до толку вљубен што бил подготвен да премолчи сѐ за да си ја зачува врската.

На денот на свадбата, невестата одлучила да одржи говор пред сите гости. Самоуверено го зела микрофонот и ѝ се обратила на свекрвата.

– Татјана, денеска наздравувам за Вас. Многу ви должиме, Димитар и јас. Направивте сѐ што можете да нѐ разделите. Нѐ озборувавте кај соседите, лажевте, се расправавте со нас.. Дури и на денешниот ден облековте бел фустан и се појавивте несреќна, тоа се гледа на Вашето лице. Ви благодарам! Благодарение на Вас, станавме посилни. Нашата љубов стана уште посилна! – ѝ порача снаата на свекрвата.

Во салата сите замолкнале. Кога невестата завршила со говорот, гостите се свртеле кон Татјана. Немала друг избор, освен да ја напушти свадбата. Поразена и засрамена!

Бев гостинка на таа венчавка. После тоа што го видов, си ветив дека никогаш нема никому да му застанам на патот. Која сум јас да судам за нечија љубов дали е вистинска? Бидете толерантни! Сакајте и бидете сакани!

Следни Објави

Заев наполни 50: Српска фолк-ѕвезда го забавуваше, сите ја коментираат тортата

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев (50) со спектакуларна забава го прослави својот јубилеен роденден. На увце му пееше популарниот српски пејач Дарко Филиповиќ, а највпечатлив момент на вечерта била тортата (кацига) која сите ја коментирале. Роднините и пријателите на Заев споделија повеќе фотографии на социјалните мрежи, а дел од славеничката […]