Маја Сабљиќ важеше за една од најубавите и најзгодните актерки во Југославија.
Кариерата ја почна уште во далечната 1979 година, а веќе во 1993 година се пресели во Лос Анџелес каде живееше на висока нога во луксузен кварт помеѓу Холивуд и Беверли Хилс, пишува српски „Курир“.
Публиката ја памети по филмовите „Пази шта радиш“, „Друга Жикина Династија“ и „Камионџије опет возе“, но и по тв-сериите „Подобар живот“ и „Лавиринт“.
„Повеќе не размислувам за оние две децении поминати во кинематографијата, како тоа да беше во некој друг живот. Во тоа време беше многу поубаво, многу поинакво, се почитуваа други вредности“, изјави Маја во едно интервју.
Беше во брак со американскиот бизнисмен со српско потекло, Ѓорѓе Зечевиќ, се’ до неговата прерана смрт. Немаа деца, па призна дека по семејната трагедија се чувствувала премногу осамено, па дури и дека помислувала на најлошото.
„Никогаш не успеав да се опоравам“, призна таа во една прилика.
Сабљиќ не се откажа комплетно од глумата, но многу ретко прифаќа такви ангажмани. Последен пат на екраните се појави во серијата „Јунаци нашег доба“ на Синиша Павиќ.
Фото: Курир/Марина Лопичиќ