fbpx

Се сеќавате ли на победникот од „Операција триумф“? Доживеа трагедија два дена пред свадбата

Сигурно се сеќавате на големото регионално музичко шоу „Операција триумф“ кое се емитуваше и кај нас. Иако нашиот Александар Белов беше апсолутен фаворит, на крајот сепак триумфира босанскиот натпреварувач Аднан Бабајиќ.

Мислењата на публиката тогаш беа поделени. Додека едни му предвидуваа голем успех, други сметаа дека воопшто не ја заслужил победата.

Најголемата трагедија му се случи на само два дена пред венчавката кога почина мајка му Улфета. Подоцна Аднан се ожени со долгогодишната девојка Лејла.

Според податоците на социјалните мрежи, денес живее во Чикаго, а судејќи по фотографиите што ги објавува, не живее воопшто лошо.

Освен што живее од настапи, работи и како организатор на забавни ивенти, а во една прилика изјави и дека ѝ е менаџер на Марија Шерифовиќ за тамошниот пазар.

На изненадување на многумина, Аднан неодамна лансира и своја линија козметички производи.

„Многумина пишуваа дека ја баталив кариерата, но тоа не е точно. Ме бараат луѓето од поранешна Југославија, редовно пеам на свадби. Тоа се се’ добри клубови и многу сум задоволен“, изјави во едно интервју.

Аднан и неговата сопруга пред неколку години го добија и синот Адин кој Бабајиќ често го објавува на „Инстаграм“.

Следни Објави

Ана наздрави со гостите: По нејзиниот говор, свекрвата веднаш ја напушти свадбата

Ана и Димитар се забавувале уште во средношколските денови. За жал, идната снаа не била по мерка на неговата мајка. Таа правела сѐ што било во нејзина моќ да ги раздели, но Димитар бил до толку вљубен што бил подготвен да премолчи сѐ за да си ја зачува врската. На […]