Гатач ѝ рекол дека наскоро ќе умре: Повлекла храбар потег, се случило чудо

Страшните зборови во истиот миг ѝ дале мотив за сериозна промена на Ребека Вилкинсон, жена во раните 30-ти која одлучила да направи оперативен зафат за кратење на желудник во Турција.

Сега таа раскажува дека добила сериозно предупредување дека наскоро ќе умре ако не повлече некои радикални потези.

Борбата со прекумерната тежина траела уште од тинејџерството, а потоа забременила на само 18 години. Не ѝ помогнале никакви режими на исхрана, како што вели, џабе се изгладнувала со разни диети. Се’ се променило кога заминала кај еден јасновидец кој ја предупредил дека смртта ѝ е зад петици.

Предупредувањето го сфатила сериозно, а во септември 2020 година резервирала лет за Анталија каде на една клиника ѝ била направена гастректомија. Операцијата поминала успешно, а Ребека за повеќе од една година буквално се преполовила.

„Бев очајна по неуспешните обиди да ослабнам. По таа случајна сеанса со тарот-карти кога ми рекоа дека уште малку ми преостанува на овој свет, сериозно се уплашив. Знаев дека овој хируршки зафат е единственото решение“, раскажа Ребека во едно интервју.

Таа не крие дека со години се соочувала со вербално злоставување во училиште и дека утеха наоѓала во храната. Како килограмите се таложеле, така се’ повеќе се интензивирала битката со анксиозност и со депресија.

Што се однесува до јасновидецот, на почетокот била скептична, но се водела од логиката дека нема што да изгуби ако се обиде.

Следни Објави

Мајка (36) и ќерка (4) пронајдени мртви: Страшни детали за семејната трагедија во Слатино

Семејна трагедија ја потресе македонската јавност. Во тетовското село Слатино денеска се пронајдени мртви 36-годишна жена и нејзината четиригодишна ќерка. Случајот во полиција го пријавил доктор кој претходно бил повикан за интервенција од страна на мајката на починатата жена, која ги пронашла телата на нејзините ќерка и внука. За немилиот […]