fbpx

Господ ми го зеде најмилото: Почина Игор Лазарев, трогателна посвета од семејството

Тажна вест објавија од Социјалистичката партија на Македонија.

На 47-годишна возраст почина Игор Лазарев, член на претседателството на партијата, претседател на ОО СПМ Центар и член на Советот на Општина Центар.

„Не’ напушти нашиот Игор. Топол, искрен, непосреден, мудар и неуморен борец и посветен социјалист. Голема загуба за Партијата. Искрено сочувство за неговите најблиски за ненадоместивата загуба и големата болка. Вечна му слава! Почивај во мир другар Игор“, напишаа на „Фесбук“ неговите сопартијци.

Во чест на Лазарев, Советот на општина Центар утре ќе организира комеморативна седница во салата на Советот на Општина Центар.

„Ги покануваме сите колеги, негови сопартијци и пријатели да дојдат на комеморацијата и заедно да му оддадеме почит и последен поздрав“, велат од општина Центар. 

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат најискрено сочувство до неговото семејството. 

„Со голема тага утрово ја примивме веста за прерано починатиот, почитуван Игор Лазарев, советник во Општина Центар. Игор беше член од редовите на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поранешен репрезентативец на Македонија во карате, тренер, судија, сопруг и татко на близнаци“, се наведува во објавата од општина Центар. 

На социјалните мрежи вчера се огласи и таткото на Лазарев.

„Денес, 9 октомври 2024 година, во 03:00 часот Господ ми го зеде најмилото и највредното што го имав, мојот син Игор. Замина мирно и тивко како и што живееше. Со блага насмевка со која сакаше да пренесе љубов кон сите вас“, напиша Јован Лазарев.

Следни Објави

Македонскиот водител за најголемата болка: Таа помисла секогаш ме растажува

Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпозитивни ТВ ликови, а каков е на телевизија, таков е и приватно. Водител е на неколку проекти на „Телма“, на Радио 2, ангажиран околу својата продукција, актуелен со караоке забави низ Македонија, Ненад е сето тоа. Но, најмногу е горд татко на близнаците Љупка и […]