Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпозитивни ТВ ликови, а каков е на телевизија, таков е и приватно.
Водител е на неколку проекти на „Телма“, на Радио 2, ангажиран околу својата продукција, актуелен со караоке забави низ Македонија, Ненад е сето тоа.
Но, најмногу е горд татко на близнаците Љупка и Иво, вљубен во сопругата Горана, и човек кој ужива во природата, особено во нивната викендица кај реката Пчиња.
Единствена и најголема болка му е што неговата мајка починала пред да му се родат децата, и не успеала да го види во улогата на татко.
* Кој бил најтешкиот момент во твојот живот, нешто на кое со непријатност и со тага се сеќаваш?
-Смртта на мојата мајка. Почина пред да се родат близнаците, и помислата дека не доживеа да ме види во улогата на татко секогаш ме растажува, раскажа Ѓорѓиевски лани за „Слободен печат“.