Детали од животот за човекот кој беше идол во целиот регион не престануваат да ја интригираат јавноста, а оваа жена се смета за негова единствена вистинска љубов, пишуваат српските медиуми.
Манекенката Благица Мицова и Тоше Проески се запознале во 1998 година. Денес таа е мажена и има син.
Нивната врска траела до почетокот на 2002 година, а ја прекинале под притисок на популарноста. По евровизискиот настап на Проески во 2004 година повторно се смириле, па прекинале.. Конечно се разишле 2006 година, пишува „Еспресо“.
Сепак, пријател на Тоше вели дека тие секогаш биле во контакт и дека тој редовно ѝ испраќал влезници за неговите концерти. Дури се пишуваше дека нивните пораки биле чувани во мобилниот на пејачот и неколку години по трагичната сообраќајка.
„Знам дека јавноста сака да знае детали за мојата љубов со Тоше, но ниту еднаш не дадов интервју и не ја открив нашата приватност. Тоа така ќе остане засекогаш“, изјави Благица во интервју пред седум години.