Познатата македонска водителка и инфлуенсерка Ведрана Ѓорѓевиќ се заколна на вечна љубов во Бигорски манастир.
Венчавката се одржала минатиот месец, но таа дури сега сподели фотографии на социјалните мрежи.
Нејзиниот избраник е Андрија Антиќ, реномиран српски диџеј и продуцент кој на јавноста ѝ е познат под уметничкото име Ендрју Милер.
Ведрана за оваа пригода одбрала класична венчаница, а Андрија се одлучил за многу полежерна варијанта-ленена кошула, панталони и бели патики.
„Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“, напиша Ведрана на „Инстаграм“ кога во февруари им откри на своите следбеници дека Андрија ја запросил во Занзибар.
Фото: Инстаграм