fbpx

Трик од електричар: Една работа пред да вклучите бојлер ќе ви ја преполови сметката за струја

Се чини дека една од поголемите мистерии во едно домаќинство е дали бојлерот троши повеќе струја кога е постојано вклучен или кога го пуштаме по потреба. По интернет-форуми, на социјалните мрежи или на дискусиите во живо, ова прашање е секогаш актуелно и никогаш не можеме да дојдеме до конечен одговор.

Некој ќе ви каже дека е многу порационално да го оставите бојлерот вклучен постојано, бидејќи тогаш не мора да ја загрева целата вода, туку само да ја догрее. Други, пак, ја застапуваат теоријата дека најдобро е да се вклучи само кога навистина ни е потребна топла вода.

А, во продолжение, еве што вели мајсторот на овие апарати за домаќинство.

„Апсолутно не е точно дека за паричникот е подобро бојлерот постојано да го држите вклучен. Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на домаќинството. Така, доколку се работи за самец или за брачна двојка, порационално е да го вклучат бојлерот по потреба. Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, веројатно најзгодно им е да го имаат постојано вклучен бидејќи во секој момент некому ќе му треба вода. Голема улога игра и намената на бојлерот. Ако истиот е наменет само за туширање, тогаш пологично е повремено да го вклучувате, а ако се работи за бојлер со голем проток што го користите и за кујнски потреби, тогаш најверојатно многу ретко ќе го исклучите. Затоа, сепак е поекономично да го вклучите кога е потребно, и секако, доколку веќе внимавате на заштедата, ќе гледате да го вклучите на евтина тарифа“, вели мајсторот.

Што се однесува до продолжувањето на животниот век на бојлерот, како што објаснува овој експерт, не е важно дали работи постојано или не, се додека сите делови се’ во ред, бидејќи „не е човек, па да му треба одмор и пауза“.

„Трикот кој, од друга страна, навистина функционира, е да го поставите термостатот на 55-60 степени. Највисоката вредност што ја поставивте нека биде можеби 60 степени. Ако термостатот постојано се поставува на 90, ќе се формира многу повеќе бигор, особено во условите овде, бидејќи нашата вода е тврда“, советува тој.

Следни Објави

Дали нашиот Баже беше до толку лош во „Ѕвезите на Гранд“? Само што не заплака на сцена

Македонецот Баже Алексов не успеа да воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“. Овој 32-годишен пејач од Кочани самоуверено се појави на сцената интерпретирајќи ги рефрените „Отац“ и „Низ реку живота“, но наместо аплауз од членовите на жирито експресно доби дури шест паник-тастери. „За вас ова натпреварување е завршено, барем оваа сезона. […]