Дали нашиот Баже беше до толку лош во „Ѕвезите на Гранд“? Само што не заплака на сцена

Македонецот Баже Алексов не успеа да воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“. Овој 32-годишен пејач од Кочани самоуверено се појави на сцената интерпретирајќи ги рефрените „Отац“ и „Низ реку живота“, но наместо аплауз од членовите на жирито експресно доби дури шест паник-тастери.

„За вас ова натпреварување е завршено, барем оваа сезона. Тука сме и следната година“, му порача Ана Севиќ додека Баже ја гледаше тажно и разочарано.

Но, дали Алексов беше навистина толку лош?

„Не е исто како на аудиција, тремата е преголема. Не е лесно да се пее пред жирито“, призна тој по елиминацијата пред да го напушти подиумот.

Баже е оженет и татко на две деца. Во едно негово излагање откри дека неговата страст кон музиката трае веќе пет години и дека омилен пејач му е легендарниот Тоше Проески.

Следни Објави

Денеска е Покров на Пресвета Богородица: Жените веруваат во една работа

Православната црква и нејзините верници на 14 октомври го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица. Црквата отсекогаш ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род којашто со своите застапнички молитви го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица, како кон поединци така и кон народите, […]