Врви дваесет и една година без царот.. Слава му!
Вчера се наврши 21 година од смртта на легендарниот македонски актер Ѓорѓи Колозов.
На „царот“ од култнот ТВ-серијал „Македонски народни приказни“ емотивна посвета му посветија администраторите на популарната фан-страница на „Фејсбук“ која го носи неговото име.
Се огласи и неговата ќерка, македонската теоретичарка, професорка и феминистка Катерина Колозова.
„На 13 октомври 2003, два дена пред роденденот на сестра ми и седум пред мојот, три и пол месеци откако доби внука, како да реши едноставно да си отиде – излив кој никој не го очекуваше, и, по 40 минути, крајот. Исто е како да било лани, барем за мене“, напиша таа на социјалните мрежи.