fbpx

Ќерката на убиениот Панче се појави во судот: Еве со кои зборови ѝ се обрати Палчо

Освен мајката на убиената Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште од судењето за двојното убиство, кое на крајот од минатата година ја вознемири македонската јавност, застана да сведочи и Ана Киркова, ќерка на киднапираниот и убиен Панче Жежовски.

Таа откри дека татко ѝ се познавал со Велибор Манев.

„Пет минути од кај нас е со кола, десет минути пешки до кај него. Ја знам куќата на Манев. Татко ми го ангажираше да ни работи градежништво дома“, сведочела Киркова, пренесува порталот „СДК.мк“.

„Татко ми два дена не се јавуваше. Тој немаше долгови. Татко ми живееше скромно, од својата пензија. Тој имаше спор за некакви плочки со Велибор Манев, одамна беше, не се сеќавам“, продолжила таа со сведочењето.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Мајката на убиената Вања сведочеше за обвинетите: Еве што тврдел нејзиниот сопруг

Палевски ја прашал дали ѝ спомнал нешто за него.

„Не, татко ми не ми раскажуваше за неговите пријатели и јас не ве познавам”, му одговорила Киркова.

На прашањето што му работел обвинетиот Велибор Манев на нејзиниот татко и зошто настанал судскиот спор, Киркова кажала дека тој местел плочки, а за што точно го тужелл Панче, не се сеќавала оти било одамна.

Судењето за убиството на Панче и Вања ќе продолжи в среда. Првообвинет е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година. По неколку дена беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Следни Објави

Се огласи ќерката на Колозов: Три и пол месеци откако доби внука реши едноставно да си отиде

Врви дваесет и една година без царот.. Слава му! Вчера се наврши 21 година од смртта на легендарниот македонски актер Ѓорѓи Колозов. На „царот“ од култнот ТВ-серијал „Македонски народни приказни“ емотивна посвета му посветија администраторите на популарната фан-страница на „Фејсбук“ која го носи неговото име. Се огласи и неговата ќерка, […]