fbpx

Мафија и криминал: Божиновски за „Курир“ за позадината на смртта на Тоше Проески

Каде е камионот кој удри во автомобилот во кој беше Тоше Проески? Каде е шоферот кој го возеше пејачот? Зошто немаше обдукција? Ова се само дел од прашањата за кои Зоран Божиновски тврди дека ги има одговорите.

Утревечер во 20 часот на сајтот на српски „Курир“ и на нивниот јутјуб-канал ќе биде емитувано интервју со контроверзниот македонски новинар кој има поинакви тврдења за трагедијата. Тврди дека има и документи за тоа што го зборува.

„Во разговор за „Курир“ ја открива мрежата на мафијата која со текот на времето го стегала обрачот околу легендарниот пејач, на чело, како што рече пред нашите камери, од менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ и продуцентот Ласта Николовски“, пишува порталот во бомбастичната најава.

Утре се навршуваат 17 години од смртта на Проески кој на 16 октомври 2007 година загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка.

Следни Објави

Ретко обраќање, овојпат со причина: Се огласи сопругот на Дебарлиева

Сопругот на популарната презентерка и водителка Билјана Дебарлиева сподели интересни фотографии на социјалните мрежи. Јован и неговата понежна половина која е заштитно лице на многу ТВ-проекти прославија годишнина од брак. По тој повод тој се огласи со интересна емотивна објава. „Триесет години ни поминаа брзо како да сме трепнале. Тука […]