Контроверзниот македонски новинар Зоран Божиновски во видео интервју за српски „Курир“ тврди дека најблиските соработници на прерано починатиот пејач Тоше Проески, Љиљана Петровиќ и Ласте Николовски, непосредно пред неговото загинување переле огромна сума пари кои преку банковни сметки ги добивале главно од Кувајт. На овој начин, како што вели Божиновски, испрале околу 3,9 милиони евра. Тој тврди дека Тоше Проески дознал за ова неколку месеци пред неговата смрт.
„Тоше Проески беше убаво лице за перење пари“, вели Божиновски во емисијата која веќе е достапна за гледање на јутјуб-каналот на „Курир.рс“.
Каде е камионот кој удри во автомобилот во кој беше Тоше Проески? Каде е шоферот кој го возеше пејачот? Зошто немаше обдукција? Ова се само дел од прашањата на кои Зоран Божиновски зборува во емисијата.
Божиновски тврди дека има документи за тоа што го зборува, а дел од нив се вртат на екранот додека тече разговорот снимен во Скопје.
Откако ја видела најавата за емисијата Мафија и криминал: Божиновски за „Курир“ за позадината на смртта на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ се јавила во редакцијата на „Курир“. Во неформален наслов демантирала се’, но одбила да даде официјална изјава, се наведува во емисијата.
Според сознанијата на „Курир“, Ласте Николовски денеска живее во Дубаи. Порталот тврди дека Љиљана и Ласте и денес соработуваат.