fbpx

Почина пејачот на One direction: Паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес

Лијам Пејн, поранешен член на популарниот машки бенд „One Direction“, починал откако паднал од третиот кат во хотел во Буенос Аирес, соопшти тамошната полиција.

Изворите наводно рекле дека претходно истиот ден тој се однесувал „непримерно“ во лобито на хотелот и дека искршил лаптоп.

Пејн (31) беше во Аргентина претходно овој месец на концерт на неговиот поранешен колега од бендот Ниал Хоран, објави американската веб-страница ТМЗ.

Непосредно пред неговата смрт, тој сподели видеа од времето поминато во Аргентина со девојката Кејт Кесиди. Неговата последна објава покажува дека двајцата позираат заедно. Во една од своите објави напиша: „Среќен сум што добив малку време“.

Следни Објави

Зоки Фаци во количка: Дај Боже да успеам во битката со канцерот

Новинарот Зоран Василевски го минува најтешкиот период во животот. Откако почна со хемотерапии и видно ослабна, се’ поретко го гледаме во јавност, а не беше во можност да се појави и на роденденската забава на естрадниот магазин „Бекстејџ“ кадешто заедно со јутјуберот Стефан Лазаров требаше да подигне награда. Популарниот Зоки […]