Адријана Алачки е дефинитивно една од најнегуваните жени на домашната јавна сцена. Секогаш е стокмена од глава до пети и речиси е невозможно да ја видите без средена коса и шминка.
Популарната пејачка и водителка на телевизискиот проект „Везилка“ неодамна беше активно вклучена и во активностите на националната организација на готвачи „Гастромак“ во Охрид.
Токму на фејсбук-страната на ова здружение беше објавена фотографија на која Алачки позира со своите пријатели и соработници, насмеана и речиси без шминка.
Во вакво издание ретко ја гледаме и мора да признаеме дека одлично се држи за годините.
Алачки во една прилика кажа дека се храни умерено, но и дека тајната на младешкиот изглед е во менталното здравје, а не во исхраната.
„Секој ден му се заблагодарувам на Бога за новиот ден, што сме здрави и живи и едноставно започнувам со мојата ментална хигиена. Тоа се јога техники што ги користам од многу одамна. Ако го миете лицето, а умот не, тогаш немаме комплетна нега. Како се загадува лицето, така и умот од секојдневието. Здрав и стабилен ум дава отсјај на лицето“, кажа таа во едно интервју.