fbpx

Јордан Митев слави: „Господ секогаш нека биде со тебе ќерко“

Лани по 6 години брак стана татко, денеска ја дувнаа првата свеќа

Познатиот фолк-пејач Јордан Митев минатата година стана татко по шест години брак, а сега со ќеркичката ја дувнаа и првата свеќа.

Митев објави фотографијата на која позира со малата Кристина и сопругата Славица. Под неа напиша емотивна честитка и за неколку часа доби преку 13.000 лајкови.

„Среќен први роденден ќерко! Биди ни жива и здрава, Господ секогаш нека биде со тебе, нека те чува, нека те води и нека те дарува со сите убавини на овој свет!“, напиша тој.

Митев го доби своето прво дете додека беше на турнеја во Австралија. Во меѓувреме откри дека му било дијагностицирано ретко автоимуно заболување.

„Настана еден тотален мрак во мојот свет кога ми дијагностицираа инвазивен планоцелуларен карцином кој мораше брзо да се отстрани. Два месеца од првичната дијагноза до конечната беше можеби најтежок период во мојот живот. Процесот на анализи, испитувања, чекање резултати, кога човек е во таква ситуација имате чувство дека еден ден трае една година. Но, со Божја помош некако на крај завршив со дијагноза на ретка автоимуна болест која се вика пенфигус вулгарис. Проблем со кој може да се живее доколку се стави под контрола, за разлика од првиот кој ставањето под контрола беше под знак прашање“, раскажа тој во интервју за „Женски магазин“. 

Следни Објави

Го славиме Свети апостол Тома: Само вака правилно ќе бидете заштитени

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија […]