Новинарот Зоран Василевски го минува најтешкиот период во животот. Откако почна со хемотерапии и видно ослабна, се’ поретко го гледаме во јавност, а не беше во можност да се појави и на роденденската забава на естрадниот магазин „Бекстејџ“ кадешто заедно со јутјуберот Стефан Лазаров требаше да подигне награда.
Популарниот Зоки Фаци вчера по подолго време сними видео и ѝ се обрати на јавноста.
„Здраво дечки! На овој прекрасен ден малку излегов на сонце со моето „ламбурџини“. Ви благодарам на сите за поддршката, односно на „Бекстејџ“, затоа што со Стефан сме одбрани за најдобри јутјубери, односно за најдобар поткаст оваа година. Се надевам дека Стефан е среќен, ова го направивме заедно, но цел благослов е негов, јас бев само една голема поддршка. Дај Боже да успеам во битката со канцерот и да продолжиме заедно да редиме успеси. Им благодарам на сите, ти благодарам Стефан на твојата поддршка на сите мои фанови и се надевам дека ќе успееме да се избориме со оваа опака болест“, вели Василевски.
Зоки пред неполн месец требаше да биде опериран во една позната македонска приватна болница, но поради дополнителни испитувања зафатот беше одложен. Претходно, Василевски направи низа испитувања и во Турција кои, како што тогаш откри неговиот близок пријател и соработник Лазаров, за три дена чинеле околу 7.000 евра. Истите покажале дека туморот е над 30 cm и дека има метастази во почетна фаза.