Клара го враќа детето во неа: Порасна внуката на Сузана Спасовска

Сузана Спасовска пред четири години стана баба, а во нејзиното последно интервју конечно и проговори на оваа тема.

Од порталот „Гламур“ ѝ поставија интересно прашање, а таа даде уште поинтересен одговор.

Мајка сте на Теона  и баба на Клара, колку сте горда на својата ќерка и колку време минувате заедно? Какво е чувството една самохрана мајка да одгледа и воспита прекрасна ќерка и да ужива во мајчинството ?

„Секој родител треба своето дете да го изведе на вистинскиот пат и за тоа треба многу труд, а посебно ако сте самохран родител тежината е уште поголема, бидејќи живееме во едно бурно и брзо време кога денот поминува како една минута, а работните обврски се многубројни. Треба умешност да се организирате, а и малку помош од најблиските која јас за среќа ја имав од моите родители, па така ја пораснавме мојата ќерка и и го покажавме вистинскиот пат, за што е таа денес многу благодарна, па заедно со своето семејство и своето дете го учи да чекори по тој пат, со љубов и почитување на традиционалните вредности. Секој слободен момент е ден за уживање и наоѓање на сопствениот мир во душата, оддишка од обврските и враќањето на детето во мене, благодарение на внуката и целото семејство“, вели Спасовска за „Гламур“.

Една од најдобрите вокалистки кои нашата земја во моментов ги има во една прилика откри дека никогаш не била омажена.

„Јас брак никогаш не сум ни имала. Теона е дете со човек со кој сум била во врска. Тој замина кога Теона имаше една година и до ден денес ја нема видено“, откри докажаната пејачка во едно ТВ-интервју.

Спасовска низ годините никогаш јавно не ја експонираше Теона која физички многу наликува на неа, а во тоа се уверивме и самите кога се најде во фокусот на медиумите откако се омажи за својот долгогодишен партнер Виктор Велковски.

Следни Објави

„Фактор“: Лозано стана татко

Влатко Лозаноски-Лозано стана татко, објави доцна вечерва „Фактор“ повикувајќи се на извори блиски до пејачот. Истиот портал пишува дека популарниот македонски пејач добил син. „Синчето се вика Марко“, пишува „Фактор“ кој не открива детали за мајката на детето. Сцена од актуелниот спот на Лозано Лозано е еден од најпочитуваните машки […]