fbpx

По подолго време се појави во јавноста: Времето стои за Виолета Томовска

Времето за неа како да стои

Повеќе естрадни уметници се собраа во Домот на културата „Ѓорче Петров“ на промоцијата на изданието „Летот на мојата гулабица“, инаку прва книга на Светлана Јаневска-Богданска.

На настанот се појави и доајенката на македонската музика, Виолета Томовска.

„Посебно благодарам за честа што ми ја укажа доајенот на македонската музика, Виолета Томовска, првата жена борец која јавно зборуваше за борбата со оваа опака болест, заедно со членовите од Здружението “Животна искра”, мотивираше и се’ уште безрезервно помага на сите нас на кои ни е потребно“, напиша Јаневска на својот фејсбук-профил.

Томовска која во март наредната година треба да го прослави јубилејниот 80-ти роденден изгледа одлично за годините. И покрај сите премрежја со кои се соочи, нејзината позитивна енергија е секогаш во преден план каде и да се појави.

Виолета Томовска има кариера која трае преку шест децении. Последниве години поретко ја гледаме на сцена.

„Имам снимено нови песни, но не сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце“, изјави таа неодамна.

Пред пет години на Томовска ѝ беше врачена највисоката државна награда „Св. Климент Охридски“ во областа на културата и уметноста.

Фото: Фејсбук-профил на Светлана Јаневска

Следни Објави

Клара го враќа детето во неа: Порасна внуката на Сузана Спасовска

Сузана Спасовска пред четири години стана баба, а во нејзиното последно интервју конечно и проговори на оваа тема. Од порталот „Гламур“ ѝ поставија интересно прашање, а таа даде уште поинтересен одговор. Мајка сте на Теона  и баба на Клара, колку сте горда на својата ќерка и колку време минувате заедно? […]