fbpx

„Фактор“: Лозано стана татко

Влатко Лозаноски-Лозано стана татко, објави доцна вечерва „Фактор“ повикувајќи се на извори блиски до пејачот.

Истиот портал пишува дека популарниот македонски пејач добил син.

„Синчето се вика Марко“, пишува „Фактор“ кој не открива детали за мајката на детето.

Сцена од актуелниот спот на Лозано

Лозано е еден од најпочитуваните машки вокали на домашната поп-сцена. За приватниот живот престана да зборува, особено откако ја раскина свршувачката со манекенката Савка Грачанин.

Последен пат за љубовниот живот зборуваше пред четири години во шоуто „Живот со стил“.

„Со Савка сѐ уште комуницираме. Останавме пријатели и не гледам причина зошто да не биде така“, призна тогаш тој.

Насловна фотографија: Стефан Самандов

Следни Објави

Почнува сезоната на слави: Се верува дека ова никако не треба да им го подарите на домаќините

Во Македонија почнува сезоната на слави, а обичаите налагаат гостите да не одат со празни раце. Кога одите да купувате подароци за домаќините запомнете дека има работи за кои се верува дека не треба да се подаруваат. Се верува дека одредени работи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на […]