Тетовецот Тони Тушев (53) го воодушеви жирито во последната епизода на регионалното музичко натпреварување „Никогаш не е доцна“.
За себе вели дека е ведар, комуникативен и по природа авантурист. Иако како дете сонувал да стане пилот, вујко му го однел во еден сосема поинаков правец, го запознал со гитарата и почнал да свири кога имал само осум години. Веќе на 16 го формирал и првиот бенд.
Тушев израснал во семејство на просветни работници, не не тргнал по нивните стапки.
„Веќе 20 години имам приватен бизнис, продавам нови и половни автомобили. Ја вработив пола фамилја. Тука се татко ми, синовите, зетот, сите по ред“, отри Тони кој неодамна по вторпат стана дедо.
На самиот почеток од претставувањето, Жика сакаше да разјасни зошто Тони во својата апликација напишал дека е најдобриот пејач на територијата на поранешна Југославија.
„Не го напишав јас тоа, туку моите пријатели кои ме пријавија. Не ни знаев што напишале“, низ насмевка кажа тој.
Едниот од синовите, Даниел, го придружуваше на снимањето. Освен што работи во семејната фирма и тој се занимава со пеење.
„Сепак, јас сум подобар пејач“, нескромно кажа Тони.
Со ова се согласи и Даниел и раскажа дека со неговиот бенд настапува на приватни забави, а кога свират во кафеана, Тони им е специјален гостин.
Жирито имаше само пофални зборови за Тони кој ја отпеа легендарната песна „Дајте вина хочу лом“.
„Освен што сте најдобар продавач на автомобили, вие сте и најдобар пејач. Неверојатна енергија, ја срушивте салата“, забележа Даша.
„Те молам никогаш повеќе да не престанеш да пееш“, се надоврза Ања.
„Во тебе има многу сила, треба да тераш уште некои 30 години како пејач, а автомобилите вклопи ги некако во распоредотм тие секогаш ќе се продаваат“, заклучи Маре.