fbpx

Прв роденден на четворката од Штип: Полна куќа, слатки маки

Четирите деца на Благица Митева Зикова од Штип наполнија една година.

Среќната мајка со емотивна објава на социјалните мрежи им го честита роденденот.

„Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради, го чувствував вашиот бебешки мирис. Не ни помислував колку брзо ќе пораснете. Еве, денес полните една годинка. Една година исполнета со бебешки звуци, со многу галење и гушкање со мамичка и татичко. Вие сте нашиот дар од Бога, имајте среќно и благословено безгрижно детство. Мама и тато ќе направат сè за да ја добиете најголемата љубов во вашето детство. Растете ми, растете мали мои дечиња. Нека ви е среќен првиот роденден“, напиша таа на „Фејсбук“.

Благица во октомври минатата година на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. Бебињата беа родени во 31-недела од бременоста.

Еден месец по раѓањето на децата, Благица со сопругот Александар прославија пет години брак и тогаш изјавија дека се пресреќни што конечно станале родители.

Следни Објави

Македонските пејачки се помолија во Острог: Чувството го опишаа со еден збор

Оние што го посетиле, сведочат за благодетите и чудотворната моќ на ова место „Мир“, напиша младата поп-пејачка Лина Пејовска под фотографијата направена пред еден од најголемите православни храмови во светот, манастирот на светецот Свети Василиј во Острог. Таа позира во друштво на нејзината колешка, пејачката и шминкерка Маја Саздановска која […]