fbpx

Ги погреба и двата сина, познатиот пејач кажа дека ова не го посакува ни на најголемиот непријател

Првата семејна трагедија му се случи во 2015 година, а пред две години се соочи со уште една огромна болка која, како што вели, не му ја посакува ниту на најголемиот непријател.

Ник Кејв во мај 2022 година го шокира светот кога објави дека починал неговиот 30-годишен син Џетро Лезенби.

„Со огромна тага можам да потврдам дека мојот син Џетро почина. Би ви биле благодарни за семејна приватност во овој момент“, напиша тој тогаш во официјалното соопштение за медиумите.

Причината за смртта не ја објави.

Лезенби кој беше актер и манекен, неколку дена пред да почине заврши во затвор поради насилно однесување кон мајка си во нејзината куќа во Мелбурн. На петти мај со кауција беше пуштен од притворскиот центар во Мелбурн, откако судија за прекршоци му наложи да се пријави во центар за одвикнување од зависности и да одбегнува контакт со мајка му во наредните две години. Адвокатот на Џетро тогаш изјави дека на неговиот клиент му е дијагностицирана шизофренија која влијаела на неговото однесување.

Во 2018 година Џетро првпат се соочи со правдата за сличен инцидент. Тогаш беше обвинет дека ја нападнал својата поранешна девојка.

Пред девет години Ник Кејв го погреба и синот Артур кој имаше само 15 години кога почина по пад од карпа во Брајтон. Истрагата потврди дека малолетниот Артур земал ЛСД непосредно пред несреќата, но вештак утврди дека се „се лизнал случајно“.

Фронтменот на „Д Бед Сидс“ по трагедијата се пресели во Лос Анџелес, бидејќи „Брајтон станал премногу тажно место“.

Следни Објави

Утре е Света Петка: Се верува дека една работа на овој ден светителката никако не ја простува

На 27 октомври православните верници ја празнуваат Преподобна Параскева-Петковден, или кај народот позната како света Петка. Ова светица била заститничка на сиромашните и болните. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот […]