Баби ми 50 години вака ја прави славската пченица: Тајниот рецепт од манастирот Житомислиќ

Постојат многу начини на подготовка на славска пченица. Навидум, сите рецепти делуваат слични, но вкусот и тоа како е различен.

Овој рецепт е докажан генерации наназад и секој што го пробал е воодушевен од крајниот резултат.

Славската пченица освен што има духовна вредност за домаќините и гостите на славата, треба да биде и вкусна за преку неа да се добие материјален и духовен благослов.

Рецепт:

500гр пченица

400гр шеќер

400гр мелени ореви

2 кесички ванилин шеќер

Половина мускатно оревче

Тие што не ја сакаат аромата на мускатното оревче може и да го изостават од рецептот. Најважно е да имате квалитетна пченица и добро исчистени ореви.

Подготовка:

Половина килограм пченица добро да се истреби од каменчиња и останато ѓубре. Се става во експрес лонец и се прелива со вода, па се остава да кисне преку ноќ. Утредента пченицата се плакне во неколку води за да излезе сета нечистотија за добро да се вари во експрес лонецот.

Кога ќе се свари, оставете ја да се излади и додека се’ уште е млака, исцедете ја, но не ја плакнете. Тоа е една од тајните – пченичниот скроб треба да остане во пченицата. Кога ќе ја исцедите, млаката пченица ја мелете во мелница за мелење месо или блендер. Не треба да биде ситно смелена, подобро да е покрупна и да има волумен. Тоа е втората тајна на славската пченица.

Млаката и смелена пченица се меша со шеќерот и оревите, се додаваат кесичките со ванилин шеќер и по желба мускатното оревче кое треба да биде ситно изрендано.

Мешањето на пченицата со оревите се врши со раце. Домаќинката убаво треба да згмечи и измеша смесата. Тоа е третата тајна и затоа ова е најдобриот рецепт за славска пченица!

На крај пченицата се наросува со мелени ореви. Може да се украси со разни форми од локум, шеќер или да се втисне крст на неа.

Следни Објави

Баба Ванѓа беше уверена дека само овие работи навистина носат среќа

Освен пророштва, позади себе остави и многу мудри совети Баба Ванѓа беше уверена дека следните неколку работи може навистина да ни донесат среќа. 1. Секогаш јадете и пијте од неоштетени чинии и чаши, така ќе ја задржите добрата енергија и среќата во домот. 2. За да ја задржите благосостојбата во […]