Македонската јавност се’ уште е под импресии од феноменалниот настап на тетовецот Тони Тушев (53) во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
Овој талентиран бизнисмен блесна на сцената во Белград и жирито имаше само пофални зборови за неговата интерпретација на легендарната песна „Дајте вина хочу лом“.
По настапот, Тушев даде интервју за ТВ-екипата на „Гранд онлајн“ пред која призна дека и самиот се изненадил кога дознал дека ќе учествува во шоуто.
„Јас не се пријавив. Тоа го сторија моите пријатели. Години наназад ме тераа, но не го сакав тоа. Еден ден ми стигна порака од продукцијата и се посомневав дека тоа е нивно масло. Морав да го одржам ветувањето“, раскажува Тони.
Тушев израснал во семејство на просветни работници, но не тргнал по нивните стапки.
„Веќе 20 години имам приватен бизнис, продавам нови и половни автомобили. Ја вработив пола фамилја. Тука се татко ми, синовите, зетот, сите по ред“, отри тој.
За себе вели дека е ведар, комуникативен и по природа авантурист. Иако како дете сонувал да стане пилот, вујко му го однел во еден сосема поинаков правец, го запознал со гитарата и почнал да свири кога имал само осум години. Веќе на 16 го формирал и првиот бенд.
Талентот за пеење го наследил и неговиот син Даниел кој веќе има и негов бенд и настапува по македонските клубови.
Кога не е преокупиран со бизнисот, Тони вели дека максимално ужива со семејството. Тој неодамна по вторпат стана дедо.