Гоце Тодоровски прослави 50 години брак со сопругата Тања.
Легендарниот македонски актер го собра семејството во една скопска кафеана, а фотографиите со дозвола на неговата ќерка Сашенка на социјалните мрежи ги објавија администраторите на фејсбук-страницата „Бардовите на македонското глумиште“.
На овој ден семејството Тодоровски освен што одбележува годишнина од брак, има уште еден голем повод за славење, а тоа е роденденот на синот-Гоце џуниор.
Пред неполна година Тодоровски беше одликуван со Орден за заслуги од тогашниот македонски претседател Стево Пендаровски.
„Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција“, напиша Пендаровски во образложението за добитниците.
Тодоровски, за кој јавноста токму по врачувањето на оваа награда дозна дека има здравствени проблеми, сега сѐ повеќе време поминува со семејството.