Марјан Коцев повеќе од 30 години е присутен на музичката сцена.
Важи за омилен пејач на македонската дијаспора, а публиката дополнително го сака и затоа што и покрај популарноста не се фолира и е максимално посветен на своето семејство.
Коцев сега сподели фотографија со своите најмили под која објави интересна мудрост.
„Нема ништо слично како љубовта кон семејството. Во заедничката смеа, внатрешните шеги и моментите на поддршка ја наоѓаме нашата сила. Спомените што ги создаваме и многу други што доаѓаат. Заедно, можеме да се соочиме со се’ што ќе ни зададе животот!“, напиша Коцев.
Дека семејството му е најважно македонскиот пејач покажа и пред неполн месец кога го спомна татка си од кој се прости минатата година.
„Ех татко мој! Вчера те немаше да го прославиме твојот 76ти роденден! Многу фалиш Мичина мој!“, напиша неодамна Коцев на „Инстаграм“.