Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, денеска се пофали на социјалните мрежи дека по третпат станал татко.
Со ќерката ќе слават роденден во ист ден.
„На мојот 36-ти роденден добив ќерка, по трет пат станав татко. Се поклонувам на мама Тамара, лавица! Голема благодарност до целиот медицински тим на чело со д-р Весна Чибишева. Слава на св. Петка. Слава на Господ“, напиша тој на „Фејсбук“.
Ова е втора ќерка во семејството Костовски кои го имаат и синот Тодор.
Освен како градоначалник, на пошироката јавност Костовски ѝ е познат како селектор и тренер на
македонската таеквондо репрезентација. Две години беше дел од македонската џудо репрезентација и двапати државен сениорски шампион во џудо.
Тој е основач и тренер на таеквондо клубот “Бутел”. Како тренер, најголем успех му е освојувањето на сребрениот медал на олимпијадата во Токио, во 2021 година.