fbpx

Нова исповед на Лила: Водителката откри што ѝ било најтешко во борбата со ракот

Лила Филиповска беше прва гостинка во новиот подкастот „Зрак“.

Познатата македонска водителка и инфлуенсерка уште еднаш го сподели своето болно животно искуство во борбата против карциномот на дојка.

Меѓу другото, таа повторно раскажа дека најтешко од се’ кога ја слушнала дијагнозата ѝ паднало како оваа вест да му ја соопшти на синот-единец.

„Најтешко ми беше како ќе му соопштам на синот, затоа што тој е веќе возрасен, друго ќе беше да е помал, мајка ми е возрасна и тогаш нејзе не ѝ кажав. Најблиските знаеја дека чекам резултати, а син ми беше до мене и јас му кажав: ‘Канцер е, ама ќе го средиме, немој да се секираш’. Тоа е мојот начин на функционирање во животот. Нормално, покрај син ми тука се неколкуте блиски другари на кои им кажав. Фактички, јас нив ги тешев“, раскажува таа. 

На оваа тема Лила зборуваше и на панел дискусијата на тема „Дами, проверете се“.

„Син ми ги чекаше резултатите од биопсијата. И кога ми ги кажаа беше со мене и јас му реков: ‘Сине, канцер е, ама ќе го средиме’. Тоа беше најтешката работа што требаше да му ја кажам. Плачев два пати, еднаш кога помислив зошто јас и еднаш кога ми кажаа дека ќе ја изгубам косата“, кажа тогаш Филиповска.

Следни Објави

Зоки Поки е нашиот херој од детството: Еве како настанала култната македонска книга

Култното дело на Оливера Николова оригинално е објавено во 1963 година од страна на „Детска радост“. Писателката пред повече од една деценија за тогашниот „1Е Магазин“ раскажа дека пред да ги напише расказите немала некој особен афинитет кон детската литература. Ѝ се чинело дека не ја познава доволно детската психологија […]