Почина познатиот штипски музичар Баже Панев-Аре, член на братското трио „Аре Брадерс Бенд“, јави локалната телевизија Стар.
Панев имаше само 52 години.
Според сознанијата на истиот медиум тој починал во Јоханесбург, Јужна Африка, каде што последните две децении живеел со семејството.
Браќата ‘Аревци’ беа познати не само во Штип и Македонија. Имаа настапи низ целиот свет се’ додека најмалиот брат Баже Панев не се пресели во туѓина, пренесува ТВ Стар.
„Ми треба љубов“ е хитот по кој најмногу ги препознаваа.