fbpx

Роди син на 46 години, а потоа млад го погреба: По четири месеци почина и таа

Катерина Крстева, македонската театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица, најпозната на јавноста како Мара Попара, почина пред неполни две години.

По пензионирањето живееше тивко и повлечено се’ до нејзината смрт во јануари 2023 година.

Не’ засмејуваше сите, во јавноста секогаш беше ведра и насмеана, но позади камерите животот воопшто не ѝ бил лесен.

На Крстева сега се сети и Горан Марковски, администратор на фејсбук-страницата „Бардовите на македонското глумиште“. Тој откри досега непознати детали за неа, а неговата објава ви ја пренесуваме во целост.

„Дали се сеќавате на неа?! Смеењето е здравје, а таа не смееше и премногу! Бескрајно талентираната актерка Катерина Крстева на сите позната под надимакот Мара Попара, која цел живот го помина на сцената да ја насмее публиката, самата таа доживеа голем удар и свена од тага. Само 4 месеци по смртта на нејзиниот 35 годишен син, почина нашата голема актерка во 81-та година од својот живот.

Вистиско медицинско чудо се случило кога синот единец го добила на 46 годишна возраст, го израснала покрај себе во и околу театарот! Трагедиите за ова семејство почнале кога најпрво од овој свет заминал нејзиниот сопруг, потоа синот и најпосле таа.

По пензионирањето сосема се повлекла од јавната сцена. Живеела повеќе и од скромно со 20.000 пензија. Сами, таа и синот, кој бил весел по природа но со свои проблеми.

Денес, Катерина Крстева заедно со својот сопруг и синот почиваат на бутелските гробишта во Скопје. Дали државата направила доволно за неа додека била жива, но дали ќе направи нешто за неа и по нејзината смрт?! Почит, наклон и вечно сеќавање кон нејзиниот лик и дело!“.

Следни Објави

Костовски по третпат стана татко: Со ќерката ќе слават роденден во ист ден

Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, денеска се пофали на социјалните мрежи дека по третпат станал татко. Со ќерката ќе слават роденден во ист ден. „На мојот 36-ти роденден добив ќерка, по трет пат станав татко. Се поклонувам на мама Тамара, лавица! Голема благодарност до целиот медицински тим на чело со […]