fbpx

„Не е важно како изгледаш, ако си празен одвнатре“: Моќна порака на Џулија Робертс

Џулија Робертс е една од ретките холивудски актерки која се обидува достојно да старее. Внатрешната убавина е многу поважна од надворешната, а ѕвездата на легендарниот филм „Убава жена“ конечно на вистински начин објасни зошто е тоа така.

„Совршенството е болест на многу нации. Ги криеме лицата со тони шминка. Редовно користиме ботокс и се обидуваме да го поправиме тоа што нема потреба.

Всушност, она со што треба да се занимаваме останува без нашето внимание. Знаете ли што е тоа? Тоа е нашата душа. Нејзе ѝ треба и нега и грижа. Дојде време да се занимаваме со неа.

Бидете искрени! Како може да ве сака некој, ако не се сакате себеси? Ако ја криете својата надворешност, зарем може да се каже дека сте задоволни со себе? Не.

Сакам јасно да се разбере! Не е важно како изгледате однадвор, туку дали сте празни одвнатре. Денес сакам да порачам: Нема веќе да се шминкам. Не сакам да се шминкам, затоа што се уморив од носењето на нечие туѓо лице. Време е маските да се фрлат. Знам дека имам брчки, ама сакам да се гледаат. Тоа сум јас. Вистинската. Сакам да ме прифатат таква каква што сум“.

Следни Објави

На најубавиот цвет не му пречи ладно: Засадете го сега и цела година ќе уживате во раскош

Едно од цвеќињата што ќе ги привлече сите погледи на минувачите во вашиот двор или тераса е рододендронот кој се сади наесен. Постојат повеќе од илјада видови од ова растение кое расте во форма на грмушка и има прекрасна розова боја. Рододендронот се нарекува алпска роза затоа што природно расте […]