Едно од цвеќињата што ќе ги привлече сите погледи на минувачите во вашиот двор или тераса е рододендронот кој се сади наесен. Постојат повеќе од илјада видови од ова растение кое расте во форма на грмушка и има прекрасна розова боја.
Рододендронот се нарекува алпска роза затоа што природно расте само во високи планински области. Иако не е роза, по изглед опасно ѝ конкурира. Секој од бројните видови рододендрони е познат по своите големи цветови со прекрасна боја и месести лисја кои формираат грмушка висока и до 1,2 метри.
Цветовите можат да бидат розови, бели, виолетови, па дури и црвени, а на секој вид му е потребна подеднаква грижа за да прерасне во убавина што ќе го украси вашиот двор или тераса.
Рододендронот не сака сонце и тоа е всушност најважниот услов за неговото засадување, па одберете го да биде во сенка.
Во текот на летните месеци рододендронот треба почесто да се полева за да не се исушат листовите, а најдобро ќе биде на кисела почва. Може да се сади во есен или пролет. Бидејќи подобро ги поднесува ниските температури од високите, сега е идеално време да го засадите овој прекрасен цвет.
Ако садите во саксии, на секои две или три години треба да се пресади во поголем сад, а на дното да се стави чакал.