fbpx

Ги спакува куферите и замина в туѓина: Прво огласување на Џамбазов од Торонто

Игор Џамбазов и Гуру Харе на втори ноември ќе одржат концерт во Торонто.

Шоуто ќе се одржи во салата на МПЦ „Св. Климент Охридски“ и е веќе распродадено.

Македонскиот актер и шоумен и неговиот најверен соработник и пријател веќе пристигнаа во Канада.

„Конечно стигнавме. Преку океанот. Еве сме со нашите домаќини. Со нив како да сме дома. Во сабота е концертот. Денес Гуру Харе си одбра гитара и појачало. Јас си купив ново укулеле. Утре ни е првата проба со бендот. Салата е распродадена. Тоа е народе. Се’ е под контрола. Само што ми фали Ферхунде. А по малку и вие.. Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам..“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

Пред да замине в туѓина, Игор сними дует со поп-пејачката и харфистка Сара Мејс.

„Песната се вика ‘Ептен љубовна’, ја напиша Игор, ја снимивме пред неколку дена заедно со спот. Се надевам дека наскоро ќе излезе и ќе ѝ се допадне на публиката“, изјави Сара пред две недели.

Следни Објави

Дали сме само во вселената? Астрономот Бојан објасни кои „отпечатоци“ ги оставаат вонземјаните

Дали сме сами во вселената? Каде се малите зелени суштества и кои се можностите за постоење на напредни цивилизации во вселената? Какви методи имаме на располагање за нивно откривање? Летечките автомобили се веќе тука, летечките чинии постојат благодарение на Студената војна, сè уште не сме сигурни за вонземјаните, но дефинитивно […]