Емилија од Штип е убиената 29-годишната жена. Ѝ пресудил невенчаниот сопруг кој штотуку излегол од затвор.
Детали за трагедијата соопштија и од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, информираат од МВР.
Емилија во брак со убиецот Ф.З. (25) од Штип била осум години, а врската за целиот период им била турбулентна, јавува локалната телевизија ТВ Стар.
„Мажот немал постојана работа и често имал активности од другата страна на Законот. Во последниот период таа живеела во близина на хотел ресторанот Бриони заедно со нејзиното дете кај родителите, каде и е убиена. Емилија е дете од мешан брак помеѓу Ромка и Македонец, а нејзиниот сопруг убиец е Ром“, информира истата телевизија.