Кога во едно интервју ја прашаа што најмногу ѝ фали од Македонија, одговори дека тоа се семејството и пријателите.
„Такви пријателства како она што го имам со Зоки Фаци овде не можеш да ги создадеш“, кажа Хелена Роза лани кога по четири години се врати од Нов Зеланд.
Поранешната водителка важеше за најблиска другарка на починатиот Василевски. По информацијата за неговата смрт таа сподели повеќе нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.
„Никогаш нема да те заборавам, другару мој најдобар“, напиша таа на една од фотографиите.