Васко Саздовски е 45-годишниот македонски државјанин кој загина во страшната несреќа што се случи во Нови Сад.
Станува збор за професор од Свети Николе кој предавал на Институтот за роботика во Нови Сад.
Саздовски бил сопруг и татко на две деца. Од него се простија роднини и пријатели на социјалните мрежи.
„Македонија изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И сега повторно. Овојпат неповратно“, е една од емотивните објави на „Фејсбук“.