Пред 10 дена му побарал пари: Лазаров се отвори за Зоки Фаци, ѝ се обрати и на Лила

Стефан Лазаров во живо на неговиот јутјуб-канал отворено зборуваше за својот близок соработник и пријател Зоран Василевски кој беше погребан во Катланово.

Лазаров неколкупати се расплака во текот на вечерта.

Меѓу другото, авторот на проектот „Без лимит“ откри дека за испитувања во Турција и овде во една приватна болница се потрошиле преку 15.000 евра.

Лазаров раскажа дека на тема финансии последен пат со Зоки Фаци зборувале пред десет дена кога Василевски му се јавил да му се пожали дека повеќе нема пари. Јутјуберот веднаш му се обратил на Виктор (внукот на Василевски н.з.) кој, пак, му објаснил дека џабе би собирале средства за неговиот вујко кога и веќе купените скапи апчиња се’ уште ги немал допиено и дека во тие моменти се’ повеќе се губел.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Пред да почине му се обрати на внукот: Последната фотографија на Зоки Фаци

Лазаров директно ѝ се обрати и на Лила Филиповска.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Конечно се огласи Лила: Те испратив достоинствено, како што доликува

„Денеска се воздржав, те видов на погребот. Сакав да те плукнам, затоа што си тешка лицемерка“, ѝ порача тој.

Следни Објави

Еве зошто загинатиот Саздовски не сакал да предава во Македонија: Вистината боли!

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на македонскиот професор и иноватор Васко Саздовски кој загина во страшната несреќа што се случи на железничката станица во Нови Сад. Саздовски беше сопруг и татко на две деца, но и врвен научник за кого пошироката домашна јавност воопшто немаше слушнато пред трагедијата. […]