Македонската водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска конечно се огласи по смртта на естрадниот новинар Зоран Василевски.
„Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува, достоинствено.
Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам. Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет:
„Сјај во тревата“
Иако ништо не може да го врати
Сјајот во тревата
И убавината на цвеќето,
Ние не ќе жалиме;
Ќе најдеме сила во она што преостанува
Во блажените мисли
Кои се шират низ човековото страдание
Во верата која гледа низ смртта…
Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден“.
Филиповска и Василевски во даден момент беа многу блиски пријатели и постојано објавуваа фотографии на социјалните мрежи.
Кога пред една година го прашаа Василевски за нивниот однос тој тогаш го изјави следново.
„Со Лила не сме се виделе. Таа ме избриша од Инстаграм, јас ја блокирав… Криво ми е што воопшто не ми се јави по операцијата, да ме праша како сум. Јас ѝ бев голема поддршка кога ѝ беше најтешко, и двајцата поминавме тежок период. Имаше некои муабети, рекла-кажала… јас не успеав да се одбранам за тоа што ме набедија, и тоа е. Но, таа е голем професионалец, а јас ѝ ја посакувам цела среќа и здравје. Ете, не ми се јави по операцијата, а и нема потреба веќе. Таа имаше тешка година, знам што помина и јас ѝ посакувам се најдобро“, кажа тој лани во интервју.