fbpx

„Ја утепа, бе ало..“: Се слушаат крици, момче во Скопје не може да се соземе (ВИДЕО)

Граѓаните на главниот град се’ уште се вознемирени по инцидентот кој пред два дена случи пред дискотека во близина на Државната болница.

Според кажувањата, биле нападнати млади лица на возраст од околу 20 години, наводно од обезбедувањето на дискотеката.

Според кажувањата на мајката на едно од нападнатите лица, нејзината ќерка со нејзиното момче и нивниот другар, во 1.30 часот, сакале да влезат на забава за „Ноќ на вештерките“ што се организирала во дискотеката. Кога пристигнале, сакале да влезат, но биле вратени со образложение дека немаат резервација. Сепак, по кратко време, хостесата им рекла дека ќе може да влезат, на што нападнатите рекле дека веќе е доцна и дека ќе си одат.

„Тогаш еден од тројцата обезбедувачи го нападнало момчето (22) на ќерка ми, заради тоа што зборувало со хостесата и му удрил бокс, заради кој момчето ја дупнал главата. Ќерка ми (20) скокнала да го одбрани, но и таа добила бокс, по што паднала и ја расцепила устата. Потоа, тројца му се нафрлиле на момчето и го претепале“, сведочи мајката на нападнатата девојка, пренесува порталот „Фактор“.

Момчето што било со нив, се приклучило да помогне и да го одбрани натепаниот другар. Некој од присутните успеал да го сними инцидентот по што им ја дал снимката.

По укажаната лекарска помош, повредените случајот го пријавиле во полиција. 

Се огласија и од Министерството за внатрешни работи.

„(01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Следни Објави

Загинатата Ангела е внука на познатата пејачка Наталија Ибраимов

„Ангела, наш ангелу, животе, па зошто, зошто, зошто? Останав нема мила моја, ти отиде на роденден, а си остана под урнатините, мило наше дете. Почивај во мир срце наше. Драг мој брату, мора да бидеш силен“ Ангела Руман, 20-годишната девојка од Стара Пазова која загина во страшната несреќа на железничката […]