fbpx

Еве зошто загинатиот Саздовски не сакал да предава во Македонија: Вистината боли!

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на македонскиот професор и иноватор Васко Саздовски кој загина во страшната несреќа што се случи на железничката станица во Нови Сад.

Саздовски беше сопруг и татко на две деца, но и врвен научник за кого пошироката домашна јавност воопшто немаше слушнато пред трагедијата.

Сега на социјалните мрежи се огласи Митко Јованов, пријател на Саздовски, кој на својот фејсбук-профил откри интересни детали за животот на 45-годишниот професор од Свети Николе кој предаваше на Институтот за роботика во Нови Сад.

„Е, жална Македонијо.. Зарем не можеше како квачка под своите крила да ги заштитиш и белите и црните пилиња.. Сите се твои.. Научници од таков ранг, а патуваат со воз, со градски, и.. не се срамат. А некои со високи позиции.. министри, раководители и што ли незнам и самите не знаат од каде им е дипломата, а имаат лични шофери.. Сакам, а, не можам да премолчам, од почит кон Васе.. Го сретнав и го прашав како е како професор на Електро факултет во Штип.. Ми рече.. Чичо Мите си дадов отказ.. Не можам.. Ме тераат на некого да му пишам десетка, а тој не знае за шестка.. Ова лудило ќе помине и тој инженер ќе направи некој пропуст и тогаш некој паметен ќе праша кој професор го пуштил на испит.. Ќе виде Васко.. Не, не можам, подобро ќе мизерувам. Е Васе, лесна ти земја, но некои такви инженери те убија. За жал и ден денес имаме хипер продукција на такви инженери. Васе со сета почит, некогаш, некаде горе, ќе муабетеме пак, до тогаш слава ти и лесна ти земја!“, пишува Јованов во објавата.

Следни Објави

Бришев задници на старци за децата да си ги обезбедам: Пејачката од „Гранд“ проговори

Пејачката Аница Миленковиќ со години живее во Америка. Со пеење почнала да се занимава на крајот од 80-тите и тогаш преку ноќ станала голема ѕвезда. Но, кога во 2007 година отишла во Америка на турнеја, никогаш повеќе не се вратила. За време на пандемијата со коронавирусот, таа си ја отвори […]