Пејачката Аница Миленковиќ со години живее во Америка. Со пеење почнала да се занимава на крајот од 80-тите и тогаш преку ноќ станала голема ѕвезда. Но, кога во 2007 година отишла во Америка на турнеја, никогаш повеќе не се вратила.
За време на пандемијата со коронавирусот, таа си ја отвори душата и искрено проговори како чувала постари луѓе за да може да си ги прехрани децата.
„Пред ковидот имав многу работа, не можев да застанам. Потоа настана хаос, па нормално кризата ја почувствував и јас. Не сум од оние што се самосожалуваат. Никогаш не сум имала мажи со пари, секогаш сама сум се снаоѓала. Овде сум на Флорида, па кога престанаа свирките морав да прифатам разни ангажмани за да преживеам. Бев чистачка, се грижев и за стари лица. Да, ги бањав, ги пресоблекував, им ги бришев задниците.. И не се срамам од тоа. Имам две деца, ќерката Барбара и синот Филип на кои сум им најпотребна сега кога растат“, раскажа таа.
На оние кои мислат дека кај пејачките се’ е само сјај и гламур им порача дека малкумина од нив навистина така живеат.
„Мене никогаш не ме воодушевувале палати, скап накит, брендирана гардероба. Тоа го прележав во младоста. Научив дека богатството не може да те направи среќен, ниту пак подобар човек“, нагласи Аница неодамна во едно интервју.